Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС, се работи за распоредувањето на ФРОНТЕКС во Северна Македонија, најави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во изјава пред почетокот на првата меѓувладина конференција како пример за областите во кои земјава ќе работи одблиску со Унијата по денешниот старт на преговарачкиот процес.
Договорот од ФРОНТЕКС, нагласи таа, ќе биде преведен на македонски без фусноти и ѕвездички.
-Димитар, можеш да сметаш на мојата поддршка дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без цртички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, истакна фон дер Лајен.
Денешните меѓувладини конференции и за Северна Македонија и за Албанија таа ги нарече историски момент.