216
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, потврди портпаролот на ЕК Ерик Мамер, пренесува МИА.
Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети шесте земји од Западен Балкан, почнувајќи од Албанија и Северна Македонија.
-Ќе го посетам регионот до крајот на месецов. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака за нашата посветеност на процесот на пристапување. Тоа им го должиме на сите млади кои веруваат во иднината на Европа, најави пред извесно време Урсула фон дер Лајен во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветен на состојбата во ЕУ.