Фон дер Лајен доаѓа во Скопје

од Nikola Popovski
20 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во посета на Македонија, во рамките на четиридневната турнеја на Западен Балкан. Ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски со кого ќе имаат и заедничка прес-конференција.

Предвидена е и билатерална средба помеѓу делегациите. Шефицата на Европската комисија турнејата ја почна во Албанија, по Македонија ќе ги посети и Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

Од Албанија Фон-дер Лајен порача дека земјите-членки сакаат да видат резултати а, проширувањето на Унијата дека ѝ е приоритет во нејзиниот втор мандат.

Минатата година, ЕУ им понуди на земјите од Западен Балкан План за раст од 6 милијарди евра, чија цел е да се удвои економијата на регионот во текот на следната деценија и да се забрзаат нивните напори да се приклучат на блокот. Оваа помош зависи од реформите што ќе ги усогласат нивните економии со правилата на ЕУ.

„Ја отворивме вратата за одредени сектори на единствениот пазар на ЕУ за нашите партнери од Западен Балкан, компании. За возврат, нашите партнери од Западен Балкан спроведуваат важни реформи“, кажа Фон дер Лајен од Тирана.

Земјите ќе можат да се приклучат на пазарот на ЕУ во стоки и услуги, патен транспорт, енергија, електрична енергија, царинска соработка, е-трговија и безготовински плаќања.

ЕК вчера ги одобри реформските програми на Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Ова беше клучен чекор за да се овозможи исплатите на планот за раст по завршувањето на договорените реформски чекори.

„Ова е голем чекор напред за ЕУ“, кажа Фон дер Лајен.

Албанија до крајот на годината ќе добие прелиминарен финансиски пакет во износ од 64 милиони евра, а вкупната сума според планот за раст е над 920 милиони евра, забележува АП.

Слични содржини