Фон дер Лајен: Драг Зоран, ти испиша историја

540 прегледи

На церемонијата во Берлин, денес македонскиот премиер, Зоран Заев ја прими наградата за човекови права, доделена од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Преку видео врска, на церемонијата, свое обраќање имаше и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која ги посочи вредностите кои премиерот Заев ги применува во своето раководење, а со цел да ја предводи европски својата драва.

„Честитки драг Зоран, ти испиша историја“, истакна Урсула фон дер Лајн.

За потсетување, агендата на премиерот Заев продолжува со работна средба вечерва заедно со парламентарците во Бундестагот.

Слични содржини