Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина, санкциите ѝ штетат на руската економија

„Украина може да смета на нас, бидејќи ова не е само агресија против Украина, туку агресија против принципите на Повелбата на ОН“, рече Фон дер Лајен во говорот во Јоханесбург, каде што присуствува на самитот на Г20, пренесува Ројтерс.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Европска Комисија

Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Украина, бидејќи Украина е жртва на агресија, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека санкциите против Русија ѝ штетат на нејзината економија.

„Украина може да смета на нас, бидејќи ова не е само агресија против Украина, туку агресија против принципите на Повелбата на ОН“, рече Фон дер Лајен во говорот во Јоханесбург, каде што присуствува на самитот на Г20, пренесува Ројтерс.

Додаде дека ЕУ вовеле 19 пакети санкции и тие имаат ефект.

„Тоа можете да го видите кога ќе ги погледнете растечките проблеми на руската економија – галопирачката инфлација, растечките каматни стапки и прегреаната воена економија. Полека, но сигурно, податоците покажуваат дека санкциите функционираат“, рече фон дер Лајен.

Првиот самит на Г-20 на африканскиот континент се одржува во Јоханесбург.