Денеска доаѓа претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, а ден подоцна, во среда еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји. Очекувано на средбите со македонскиот државен врв ќе се разговара за ветото што Бугарија го стави пред речиси една година врз европската перспектива на Македонија.
Од кабинетот на фон дер Лајен за медиумите не откриваат за што ќе се разговара на средбата со макеоднскиот државен врв и дали ќе има пораки само до Македонија или и до Бугарија, која го блокираше процесот за старт на преговорите за члнество во Унијата.
-Таа ќе се сретне со лидерите и ќе разговара за билатералните односи со ЕУ и регионалните прашања, перспективата за преговори за членство на Северна Македонија е дел од пошироката дискусија, целта на претседателката е да ја потврди нејзината посветеност кон регионот и перспективата за преговори за членство во ЕУ со овие земји кога времето и условите ќе бидат добри и преговорите ќе бидат завршени, изјави портпаролот на Комисјата Дана Спинант, портпаролката на Европската Комисија.
Подоцна, Фон дер Лајен ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи претставници.
Скопје е втора станица на Фон дер Лајен на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, чија цел е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Од 28 до 30 септември таа ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан, почнувајќи од Албанија.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, пак, утре ќе допатува за Скопје, потврдија службите на Европската комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира, но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархељи минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.