Фон дер Лајен: На добар пат сте да се приклучите во ЕУ, сигурна сум дека еден ден ќе ве пречекаме со вашиот уникатен идентитет и јазик

од Nikola Popovski
203 прегледи

На добар пат сте да се приклучите во ЕУ, со нетрпение ве очекуваме. Сигурна сум дека еден ден ќе ја пречекаме С. Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и нејзиниот сопствен јазик, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која од вчера е во посета на земјава. Таа на денешната прес-конференција во Владата, во своето обраќање порача дека имала одлични разговори со државниот врв.

-С. Македонија веќе постигна и изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите по овој пат. Скрининг процесот се одвива одлично и ние се стремиме да ги отвориме преговорите на кластерот Основи уште оваа година, истакна Фон дер Лајен.

Официјалното лице од ЕУ исто така се осврна и на најавуваните уставни измени и се надева дека „сите партии и страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред“.

-Сега е важно да се искористи моментот. Знам дека процесите можат да бидат предизвикувачки – вие веќе го имате мотото на ЕУ- обединети во разноликоста, рече меѓу другото Фон дер Лајен.

Слични содржини