Фон дер Лајен не доаѓа за да врши тортура, ниту притисоци, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
189 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека најавената посета на шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен е редовен процес на комуникација меѓу ЕК и нашата држава.

-Премногу ги користиме зборовите „офанзива“ и „притисоци“. Еден од лидерите на опозицијата рече очекувал тортура да му се прави. Гледате дека на никој не му се прави тортура, ниту притисок. Земјата нормално функционира и нормално се одвиваат процесите, со тоа што треба да ги исполниме нашите обврски согласно преговарачката рамка и до 2030 година да да станеме земја-членка на ЕУ, одговори Ковачевски по посетата на фабриката за производство на сувомеснати производи „Мис Глобус“.

Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје.

Слични содржини