Фон дер Лајен од Собранието: Македонскиот јазик е ваш, историјата не е услов за преговори

од Nikola Popovski
219 прегледи

Во текот на вчерашниот ден во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која се обрати во македонското Собрание пред седницата на која се разгледуваше информацијата на Владата за францускиот предлог. Претходно таа имаше средба со државниот врв, составен од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Шефицата на ЕК пред пратениците истакна дека дека македонскиот јазик е заштитен во предлог-преговарачката рамка, а историјата не е услов за преговори.

„Почитувани Македонци, внимателно слушам. Ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, ние целосно го почитуваме тоа. Затоа по ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификации од ЕУ. Предлогот го почитува и вашиот национален идентитет. Принципот на самоидентификација е важен за секој од нас“, категорична беше Фон дер Лајен.

За заедничка европска иднина, Лајен повика пратениците да гласаат за ревидираниот француски предлог, која додаде, сепак „изборот е ваш“.

Таа во своето обраќање во Собранието рече дека конкретните преговори и процесот на скрининг ќе почнат со Првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи наскоро доколку се прифати предлогот.

„Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште ден чекор кон нашата Унија. Денеска сум овде, затоа што верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина, кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка“, нагласи Фон дер Лајен.

Повика земјата да гледа напред и да ја искористи шансата за страт на пристапните преговори, 17 години откако стана кандидатка.

„Северна Македонија е успешна мултиетничка држава“, рече Фон дер Лајен.

Шефицата на ЕК прецизира дека со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, во најкраток можен рок, ќе започне и потпишувањето на билатералните договори меѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик и на другите официјални јазици на Унијата.

Слични содржини