Фон дер Лајен: Отворањето преговорите со ЕУ, успех на сите граѓани на С.Македонија и Албанија

од Берта Китинска
153 прегледи

Денешното отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е успех на двете земји и на нивните граѓани. Тоа е резултат на истрајноста, посветеноста на европските вредности, покажаната отпорност и задржаната верба во пристапниот процес, порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција.

Таа во изјавата им се обрати и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и на неговиот албански колега Еди Рама.

– Покажавте лидерство, покажавте визија, покажавте стратешко трпение особено Еди. И она што е најважно во ова предизвикувачко време со руската брутална војна докажавте одново и одново дека вашата приврзаност кон европските вредности е всушност вистинска, покажавте дека сте вистински пријатели, вистински партнери, рече таа додавајќи дека луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова.

Слични содржини