Фон дер Лајен разговарала со Курти: Фајзер доаѓа во Косово

од Nikola Popovski

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, објави дека разговарала со премиерот на Косово, Албин Курти и најавила дека „Европа ќе застане покрај своите партнери на Западен Балкан“ преку испорака на вакцините Фајзер.

Фон дер Лајен претходно тоа го најави дека и во разговорите со лидерите на Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и БиХ.

„Остануваме со нашите партнери на Западен Балкан. Разговарав со Албин Курти за испорака на вакцини на Косово, кои се финансирана од ЕК, со цел да се спроведе имунизација на здравствените работници и ранливите групи на население што е можно побрзо. Оваа пандемија ќе ја надминеме заедно“, напишала Фон дер Лајен на Твитер во објавите на српски и албански јазик.

Слични содржини