Фон дер Лајен следната недела ни го носи пакетот за енергетска поддршка

од Nikola Popovski
180 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе го донесе во Скопје пакетот за енергетска поддршка.

Османи веста за пакетот ја добил од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Веста за доаѓањето на Фон дер Лајен ја најави и министерот за економија, Крешник Бектеши пред неколку дена.

-Претседателката Фон дер Лајен наредна недела доаѓа во земјава и може ќе објави што ќе следи како помош од Европската комисија за нас. Генерално, јас очекувам ЕК и ЕУ да дадат поголема поддршка за нас, затоа што сме направиле поголеми остапки, се со цел да покажеме дека сме дел од ЕУ. Сѐ што се носи од ЕК како санкции и како одлуки, ние веднаш го применуваме во нашата држава. Една мала земја како нашата, очекува некаква поддршка, затоа што имаме поголеми ризици, рече Бектеши во емисијата „24 отворено“.

Пакетот ќе биде добредојден пред сѐ во помошта во делот на надминување на тековните проблеми во однос со снабдувањето со енергија и високите цени за индустријата и за домаќинствата.

Фон дер Лајен последен пат беше во земјава на 14-ти јули годинава, пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачка рамка на С. Македонија со ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Собранието, претседателката на Европската Комисија истакна дека со европскиот предлог не се загрозуваа македонскиот идентитет, историја, јазик и култура.

Слични содржини