Фон дер Лајен: Со нетрпение очекувам да работам со владата на Ковачевски

од Nikola Popovski
257 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен упати честитки до новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски.

Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ.

-Честитки до премиерот Ковачевски! Со нетрпение очекувам да работам со вашата Влада за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ. Ја поздравувам вашата клучна заложба за добрососедски односи, напиша Фон дер Лајен.

Слични содржини