210
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва оцени дека одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија и доделување кандидатски статус на Грузија е „стратешка одлука“ и нагласи дека овој ден ќе остане врежан. во историјата на ЕУ.
Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) изјави дека е горда што лидерите на ЕУ ги исполниле своите ветувања.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека ова е „горд момент“ за Европа, Украина и Молдавија.