Фон дер Лајен: Во ЕУ постигнат договор за клучните елементи за праведен мир и суверенитет на Украина

„Прво, границите не можат да се менуваат со сила. Второ, како суверена нација, не може да има ограничувања за вооружените сили на Украина што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност. Трето, централната улога на ЕУ во обезбедувањето мир во Украина мора целосно да се одрази“, се нагласува во соопштението.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Во ЕУ постигнат договор за клучните елементи за праведен и траен мир и суверенитет на Украина, се вели во соопштението објавено од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Прво, границите не можат да се менуваат со сила. Второ, како суверена нација, не може да има ограничувања за вооружените сили на Украина што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност. Трето, централната улога на ЕУ во обезбедувањето мир во Украина мора целосно да се одрази“, се нагласува во соопштението.

Исто така, се вели дека Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина. „Украинците избраа европска судбина. Тоа започнува со реконструкција на земјата, нејзина интеграција во нашиот единствен пазар и нашата одбранбена индустриска база и, на крајот, пристапување кон нашата Унија“, рече фон дер Лајен.

ЕУ ќе биде домаќин, заедно со Украина и Канада, на самит на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца киднапирани или депортирани во Русија од окупираните територии. Нивното враќање е важен елемент што мора да биде дел од секој договор.

„Од сите ужаси на руската војна, ниту еден не е подлабок од овој. Десетици илјади момчиња и девојчиња остануваат заробени во Русија, исплашени и копнеат по своите најблиски. Мораме да ги ставиме овие деца на врвот на глобалната агенда“, заклучи претседателот на Комисијата.