Фон дер Лајен во понеделник во Скопје

од Nikola Popovski
293 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделник доаѓа во Скопје на средба со државниот врв. Датумот за посетата го најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на крајот од неговата работна посета на Брисел. Според Маричиќ, таа се очекува да ги најави извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, чие објавување е предвидено за 8-ми ноември.

Според вицепремиерот ќе се разговара и за оние обврски кои преостануваат за државата да ја комплетира фазата на пристапување и да премине во втора односно отворање на кластерот, и со тоа да биде најавен и крајот на скринингот.

Сепак, потенцира вицепремиерот, за да го задржиме темпото со Албанија, но и со другите земји кандидати за членство, ќе треба да ги спроведеме уставните измени.

Фон дер Лајен последен пат беше во Македонија во октомври минатата година, во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта беше да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.

Претходно претседателката на ЕК беше во земјава на 14-ти јули лани пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Собранието, таа истакна дека со европскиот предлог не се загрозуваа македонскиот идентитет, историја, јазик и култура.

Слични содржини