Фон дер Лајен во Приштина: Косово да ги деескалира тензиите

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Приштина, по средбите со претставниците земјата, нагласи дека е важно Приштина да ги деескалира тензиите и да продолжи да гради силни институции, пренесе Танјуг.

„Косово, исто така, треба да ги финализира потребните чекори за да има корист од Планот за раст“, ​​рече фон дер Лајен во објава на мрежата X.

Таа се сретна одделно во Приштина со претседателката на Косово, Вјоса Османи, и премиерот, Албин Курти.