208
Договорот меѓу Европската унија и „АстраЗенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, рече денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и побара објаснување од производителот на лекови за доцнењата во испораката.
Таа навела дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три четвртини од 2021 година, а исто така спомена и четири производствени погони, од кои два се во Велика Британија, пренесува „Ројтерс3.
„Постојат обврзувачки одредби и договорот е кристално јасен“, рече Фон дер Лејен.