Фон дер Лејен: Доколку БиХ не спроведе реформи, средствата од ЕУ ќе бидат префрлени во други земји

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Сараево изјави дека за да се инвестираат фондовите на ЕУ во Босна и Херцеговина, неопходно е таа земја да спроведе реформи, предупредувајќи дека доколку реформите не бидат спроведени, средствата ќе бидат пренасочени во други земји од Западен Балкан.

„Ако се спроведат реформи, тогаш ќе дојдат и средства. Нам ни е јасно дека за реформите е потребно време, но доколку реформите не се спроведат, средствата ќе бидат префрлени во други земји од Западен Балкан“, рече Фон дер Лејен на прес-конференцијата по средбата со претседавачот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Таа истакна дека исполнувањето на сите 14 клучни приоритети од Мислењето на Европската комисија, особено кога станува збор за владеењето на правото, е исклучително важно за Босна и Херцеговина.

Фон дер Лејен истакна дека ЕУ силно ја поддржува БиХ на нејзиниот европски пат и дека новиот Совет на министри на БиХ направил многу во првата година од својот мандат.

Слични содржини