Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денес изјави дека ЕК добила барања од 19 земји-членки за финансирање во вкупен износ од 150 милијарди евра достапни во рамките на Безбедносната акција за Европа (SAFE) за вооружување и трошоци за одбрана.
„Деветнаесет земји-членки, вклучувајќи ја и Латвија, побараа поддршка преку нашиот инструмент за одбрана SAFE. Со задоволство објавувам дека го достигнавме целосниот износ на средства уплатени во SAFE. Целосните 150 милијарди евра. Ова е европски успех“, рече фон дер Лајен во објава на платформата X.
Планот, лансиран претходно оваа година, има за цел да ги зголеми одбранбените капацитети на ЕУ преку помагање на земјите-членки да ги обноват своите воени залихи и да ја зајакнат својата стратешка автономија.