246
Европската унија исплати уште една транша од 1,5 милијарди евра од макрофинансиската помош на Украина, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Ја поддржуваме Украина во нејзините напори за поправка, обновување и одржување на функционирањето на државата. Денес ѝ исплативме на Украина нови 1,5 милијарди евра“, објави Фон дер Лејен на платформата Х (Твитер).
Таа вети дополнителна помош од ЕУ оваа година и понатаму.