Фон Дер Лејен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани.

– Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време, напиша Фон Дер Лајен на Х.

Според информациите што ги сподели, заклучно со 11:30 часот, во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Повредени се 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата

Слични содржини