Фон дер Лејен ги повика државите од Г7 да подготват план за бегалците

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, повика на меѓународно решение за бегалците пред самитот на Г7 за Авганистан.

„Важно е сите држави вклучени во мисијата во Авганистан да обезбедат доволни квоти за бегалците и нивно безбедно минување, за да можат да им помогнат на оние на кои им е потребна заштита“, рече фон дер Лејен во петокот за новинската агенција ДПА.

Говорејќи за медиумите за прв пат откако Талибанците ја преземаа власта по повлекувањето на американските и НАТО силите од Авганистан, германскиот политичар рече дека е неопходно да се спречи луѓето да паднат во рацете на криумчарите.

„Тоа ги става Авганистанците кои сакаат да побегнат од конфликтот во еднаква опасност“, рече таа.

Лидерите на земјите од Г7 – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД – планираат да одржат видео конференција следната недела за ситуацијата во Авганистан. Како по правило, на овие состаноци учествуваат и претставници на раководството на ЕУ.

ЕУ очекува зголемување на бројот на оние што сакаат да го напуштат Авганистан.
Многумина се плашат од враќање на теророт од 1990 -тите, кога Талибанците владееја последен пат.

„Целата работа е трагедија за авганистанскиот народ и неуспех за меѓународната заедница“, заклучи претседателот на ЕК.

Слични содржини