Фон дер Лeјен: Го охрабрив Си Џинпинг да разговара со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен денеска изјави дека за време на нејзината посета на Пекинг го охрабрила кинескиот претседател Си Џинпинг да разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

На прашањето на новинарите по средбата со Си, Фон дер Лејен рече дека „Кина може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина“.

Претседателката на ЕК изрази загриженост за „нуклеарните закани“ поради распоредувањето руско оружје во Белорусија и рече дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, има одговорност да го искористи своето влијание и децениското пријателство со Русија.

Таа, исто така, рече дека стабилноста на Тајван е од најголема важност.

„Никој не треба еднострано да го менува статус квото со закана со сила во овој регион, а тензиите треба да се решаваат со дијалог“, додаде Фон дер Лејен по средбата со кинескиот претседател.

Слични содржини