Фон дер Лејен и Борел пристигнаа во Киев, ќе разговараат со Зеленски

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен пристигна во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа на Твитер објави фотографија на која излегува од воз во главниот град на Украина.

Во Киев со Фон дер Лејен отиде и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел. И тој се огласи на Твитер. „На пат кон Киев“, напиша тој.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го посети Киев во средината на март за поддршка на Украина, заедно со премиерите на Полска и Чешка.

Јанша, Матеуш Моравјецки и Петер Фиала беа првите странски лидери кои го посетија Киев по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Слични содржини