194
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изрази длабоко сочувство во врска со автобуската несреќа во Бугарија.
„Моето најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во синоќешната трагична несреќа во Бугарија“, напиша Фон дер Лајен на Твитер, посакувајќи брзо закрепнување.
„Во ова страшно време, Европа е солидарна со вас“, додаде таа.