Фон дер Лејен ја потврди својата кандидатура за втор мандат на чело на ЕК

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска соопшти дека има намера да се кандидира за втор мандат и да биде на чело на ЕК уште пет години, пренесуваат медиумите.

Како што наведе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор, Фон дер Лејен добила поддршка од Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) да се кандидира за нов мандат.

Германскиот „Тагешсау“ објави дека извршниот одбор на ЦДУ ја избрал Фон Дер Лејен за свој кандидат за претседател на Европската комисија.

Својата намера повторно да се кандидира за претседателка на Европската комисија, Фон дер Лејен ја објавила на состанокот на ЦДУ во Берлин, додава „Шпигел“.

Слични содржини