Фон дер Лeјен: Ќе го превртиме секој камен за да направиме Путин да одговара за војната

од Vladimir Zorba
721 прегледи

„Нема да оставиме не превртен камен се додека Путин и неговите поддржувачи не одговараат“ за злосторствата во Украина, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата по повод отворањето на центарот за гонење на злосторствата извршени во руската агресија против таа земја. Новата институција се наоѓа во близина на европската судска агенција „Еуроџаст“ во Хаг.

Претседателот на ЕК рече дека „ќе игра клучна улога во обезбедувањето на виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата“, пренесува агенцијата ДПА.

Западните земји од почетокот на инвазијата бараат правни начини да ја гонат Русија. Меѓународниот кривичен суд (МКС), исто така во Хаг, неодамна издаде меѓународна потерница за Путин за злосторства како што е наводната депортација на малолетници од Украина во Русија.

МКС е дел од новиот центар, заедно со Украина и неколку членки на Европската унија. Центарот беше отворен како дел од „Еуроџаст“ и се очекува да собира докази и да подготви насочени обвиненија против сторителите.

Инволвираните правосудни органи не ја исклучуваат можноста за кривично гонење на руското раководство.

Во работата на центарот се вклучени Украина, неколку земји од ЕУ, како и Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во рамките на „Еуроџаст“ претходно беше формирана централна база на податоци за докази за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Слични содржини