Фон дер Лејен: Критичната инфраструктура на ЕУ е загрозена

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Критичната инфраструктура на Европската унија е загрозена и Европската унија и НАТО формираа заедничка работна група за испитување на можните закани за клучните сектори, вклучително и енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

Таа изјави дека ЕУ работи со НАТО за да се подготви за „најлошиот исход“, пренесе Ројтерс.

Фон дер Лејен најави дека резултатите од студијата ќе бидат претставени на состанокот на лидерите на ЕУ во јули.

Слични содржини