Фон дер Лејен: Минатата година рускиот гас сочинуваше 40 отсто од нашиот увоз, а денес само девет

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека ЕУ останува солидарна со Украина.

Таа истовремено најави мерки за зајакнување на конкурентноста и економијата на Унијата.

Фон дер Лејен рече дека ЕУ работела на намалување на енергетската зависност од Русија, известувајќи дека пополнетоста на складиштата за гас е 84 проценти.

Исто така, таа подвлече дека мора да се работи на диверзификација. „Минатата година рускиот гас сочинуваше 40 отсто од нашиот увоз, а денес е само девет отсто“, рече таа.

Укажа на растот на цените, велејќи дека е неопходно да се преземат мерки за нивно намалување.

Таа побара членките на ЕУ да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, дека е неопходно да се дели профитот од енергетските извори и да се канализира таму каде што е потребно.

Слични содржини