Фон дер Лејен: Одбранбената стратегија на ЕУ треба да ја вклучи Украина

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Европската унија треба да ги земе предвид воените потреби на Украина во идната стратегија на европската одбранбена индустрија, изјави денеска претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лeјен на годишната конференција на Европската агенција за одбрана.

„Нашата стратегија може да биде целосна само ако ги земе предвид потребите на Украина и нејзините индустриски капацитети“, рече Фон дер Лејен, додавајќи дека Украина треба да биде интегрирана во одбранбените програми на Европската унија, за да ѝ обезбеди неопходна помош поради конфликтот со Русија.

Според Фон дер Лејен, првиот чекор кон тоа е вклучувањето на Украина во процесот на консултации за Индустриската стратегија.

Слични содржини