Фон дер Лејен: Подготвени сме да поддржиме изградба на пруга од Белград до Северна Македонија

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Европската унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија, објави претседателот на Европската комисија по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Брисел.

„Разговаравме за борбата против пандемијата „Ковид-19“, економското закрепнување, процесот на пристапување каде што сакаме да видиме продолжување на позитивните случувања во областа на владеењето на правото, дијалогот Белград-Приштина и пругата меѓу Белград и Северна Македонија, што сме подготвени да ја поддржиме”, напиша Фон дер Лејен на својот профил на Твитер.

Таа додаде дека е задоволна што денес се сретнала со Вучиќ во Брисел.

Во пресрет на разговорите со Фон дер Лејен, претседателот на Србија најави можност за договор за „еден од најголемите инфраструктурни проекти“ што целосно ќе ја промени Србија.

Слични содржини