Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен, за „Танјуг“ изјави дека постои многу јасен и посветен план за деескалација на ситуацијата на Косово – патоказот на кој двете страни работеле на почетокот на оваа година.
„Ги повикувам двете страни на деескалација и да се придржуваат до патоказот. Ова е апсолутно клучно за да се продолжи напред на мирен начин“, рече претседателката на ЕК на прашањето како ќе ја коментира ситуацијата на северот на Косово и дали ЕУ посилно ќе се ангажира и ќе влијае на премиерот на Косово Албин Курти да го прифати планот на ЕУ за деескалација на ситуацијата и повлекување на специјалните единици.
Во пресрет на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, Фон дер Лејен посочи дека е јасно оти и Белград и Приштина мора да го почитуваат договореното во Охрид.