Фон дер Лејен: Предложивме 50 милијарди евра за Украина до 2027 година

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија се обидува да го изгасне пожарот и да го спречи финансискиот колапс на Киев предизвикан од стопирањето на трансферот на средства за Украина поради спорови во американскиот Конгрес.

Урсула фон дер Лејен објави дека денеска на Киев му биле исплатени уште милијарда и пол евра, со што вкупниот износ на помош досега достигна 85 милијарди.

„Европското финансирање ја поддржа економската стабилност на Украина и јавните услуги од почетокот на војната со Русија. Денес даваме уште 1,5 милијарди евра. Нашата поддршка за Украина сега достигна 85 милијарди евра и нема да застанеме тука. Предложивме 50 милијарди за Украина до 2027 година“, наведе претседателката на Европската комисија на мрежата Х.

Слични содржини