Фон дер Лeјен: Процесот на пристапување во ЕУ се заснова на заслуги

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Процесот на пристапување во Европската унија се заснова на заслуги, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен и најави дека ЕК во ноември ќе објави извештај за земјите кандидати.

Фон дер Лeјен на прес-конференција во Гранада, каде се одржа самитот на шефови на држави или влади на ЕУ, рече дека нема кратенки кога станува збор за процесот на пристапување во ЕУ.

„Процесот на пристапување во ЕУ се заснова на заслуги. Ова беше многу јасно истакнато на денешната дискусија. Нема кратенки, нема автоматски пристапување во ЕУ. Тоa се заснова на заслуги“, рече фон дер Лeјен.

Слични содржини