Фон дер Лејен: Проширувањето на ЕУ е во нејзин интерес, ова треба да им се објасни на граѓаните

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Сплит (Хрватска) изјави дека е клучно да им се објасни на европските граѓани дека проширувањето на Европската унија е во нејзин интерес, особено имајќи го предвид поопасното и понепредвидливото геополитичко опкружување.

„Руската војна против Украина докажа дека постои силна потреба Европа да се прилагоди на поопасна и понепредвидлива геополитичка средина“, рече таа и посочи дека „дел од таа адаптација е и проширувањето на Унијата“.

На студиските денови на Европската народна партија (ЕПП) во Сплит, Фон дер Лејен истакна дека е многу важно на земјите-членки и на граѓаните да им се објасни дека, како што наведе, „во новата геостратешка средина, проширувањето нè зајакнува и е во наша корист“, пренесе Хина.

Слични содржини