Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „предатор“, поради што Европа треба да инвестира во одбрана.
„Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање. Треба да го одржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и нема да се промени“, рече таа за време на посетата на полско-белоруската граница со полскиот премиер Доналд Туск.
Фон дер Лејен моментално е „на првите линии“ во седум источноевропски земји за да ги увери во поддршката на ЕУ против Русија, а таа ја посети и полско-белоруската граница со Туск и покрај предупредувањата дека таму се наоѓаат „белоруски војници со долги оружја“.
Медведев: Извештаите за руските дејствија се лоши вести за Мерц и Макрон
Новите извештаи за руските дејствија во украинскиот конфликт, како и фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп е „жив и здрав“, се лоши вести за германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, изјави денес Дмитриј Медведев, заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност.
Во објава на платформата X, заедно со „скриншот“од текстот, Медведев рече дека Мерц и Макрон се „браќа близнаци“, додавајќи дека едниот од нив е „жеден за одмазда“, додека другиот, кого го нарече „петел“, се плаши од предаторот на вратата и го уценува американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин.
„Веста дека Трамп е жив и здрав, како и дека Русија напредува во Украина, се лоши вести за браќата близнаци“, напиша руски функционер на X.