Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина, како и за гранатирањето.
„Уништувањето на браната, безобразен напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Керсон. Европа мобилизира поддршка преку Механизмот за цивилна заштита. Ние се координираме со земјите-членки за брзa испорака на пумпи, противпожарни црева, водени филтри. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе ги претрпат последиците од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.