Фон дер Лeјен: Руските напади со дронови се акти на терор

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, денеска изјави дека руските напади со дронови врз украинската цивилна инфраструктура се „акти на чист терор“ и претставуваат воени злосторства.

„Вчера повторно видовме насочени руски напади врз цивилната инфраструктура. Тоа означува уште едно поглавје во веќе многу суровата војна… Тоа се воени злосторства“, нагласи Фон дер Лејен во говорот пред Европскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.

Фон дер Лејен заклучува дека нападите врз цивилната инфраструктура, чија цел е да им се оневозможи на жителите на Украина пристап до вода, струја и греење, мора да се нарече терор.

Слични содржини