Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен рече дека воведувањето ембарго на руската нафта, објавено претходно оваа недела, нема да биде лесно, но дека ЕУ „не може да префрлува пари во Русија на долг рок, со оглед на нејзините вредности“.
Таа рече дека ЕУ мора да ја намали својата зависност од рускиот гас, додавајќи дека „Русија повеќе не е доверлив партнер“.
Лидерите на ЕУ најверојатно ќе разговараат за нов пакет санкции против Русија, кои треба да вклучуваат забрана за увоз на руска нафта.
„Сакаме Украина да победи“
Фон дер Лејен рече дека војната на Путин во Украина и „многу потребните санкции“ наметнати на Русија од ЕУ се „еден вид економски тест“.
Таа додаде дека ЕУ е на страната на Украина.
„Сакаме Украина да победи во оваа војна“, рече фон дер Лејен, пренесе „Ројтерс“.
Запрашана од новинарите кои критериуми ќе се користат за да се одлучи дали Украина победи во војната, таа рече дека останува на Украина да преговара со Русија за да се постигне прекин на огнот.