Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека самитот на Берлинскиот процес во Тирана е посебен самит, десетти по ред, а прв во земја на Западен Балкан и дека испраќа силна порака дека Европската унија е посветена на проширување.
Таа им рече на новинарите по пристигнувањето на самитот дека голема тема ќе биде економијата на Западен Балкан, која може да биде подобра.
Фон дер Лејен рече дека ќе претстави план за раст и можност за отворање на заедничкиот пазар на ЕУ за компаниите од Западен Балкан.
Our new Growth Plan for the Western Balkans aims to boost regional growth and convergence between us.⁰
It has the potential to double the size of the Western Balkans’ economies in the next decade.
It can be done ↓
https://t.co/JaFB4EFrYg— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 16, 2023
„За тоа ни требаат реформи. Тоа е усмерено за оние кои сакаат да одат напред“, рече Фон дер Лејен.
Холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на самитот, на прашањето за тензиите на северот на Косово, рече дека тие мора да се намалат и дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада и дека тој се надева дека ќе разговара денеска со премиерите на Србија и Косово и дека тензиите ќе се намалат.
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски рече дека очекува дискусија за енергетската независност на регионот и финансиските средства за тоа, како и постигнување договори за признавање на дипломите на фармацевтите и медицинските сестри.