Фон дер Лејен: Западот не смее да се откаже од снабдувањето на Украина со оружје

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека Украина може да ја добие војната со Русија, но дека Западот мора да продолжи да го зајакнува нејзиниот отпор.

Таа им рече на деловните лидери на Светскиот економски форум во Давос дека на Украинците им треба предвидливо финансирање до 2024 година и стабилно снабдување со оружје за да ја одбранат Украина и да ја вратат нејзината територија.

„Им треба способност да ги одвратат идните напади од Русија. И им треба надеж. Треба да знаат дека нивната борба ќе им донесе подобра иднина за нивните деца. А подобрата иднина за Украина се нарекува Европа. Со голема радост минатиот месец одлучивме да започнеме преговори за пристапување на Украина во ЕУ. Ова ќе биде историско достигнување за Украина и Европа ќе одговори на повикот на историјата“, подвлече Фон дер Лејен.

Слични содржини