144
Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен.
„Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли, дополнително да ја затапиме нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лејен за време на посетата на Финска, пренесе „Ројтерс“.
Таа соопшти дека е уверена дека глобалното ограничување на цените на руската нафта со Г7 и другите големи партнери ќе биде одобрено многу наскоро.