Известувачот за Косово во Европскиот Парламент, Виола фон Крамон, оцени дека кога Европската Унија нема да ги награди прогресивните влади во Западен Балкан, ќе доаѓа до превирања.
Таа на Твитер сподели видео од протестите во Македонија против францускиот предлог и порача дека е време клучните главни градови на ЕУ да ги засилат своите активности.
„Кога земјите-членки на ЕУ не успеваат да испорачаат какви било опипливи награди за прогресивните влади во Западен Балкан, имаме превирања во Северна Македонија и потенцијално во Црна Гора кои можат да бидат искористени од Русија и другите странски актери. Крајно време е клучните престолнини на Европската унија да разберат и да ги засилат своите активности“, истакна таа.
When the #EU Member States 🇪🇺 fail to deliver ANY tangible reward to the progressive governments in the #WesternBalkans, we have turmoils in 🇲🇰 and potentially 🇲🇪 that may be exploited by 🇷🇺 & other foreign actors.
High time that key 🇪🇺 capitals understand & step up its actions. https://t.co/g9dyygQg86
— Viola von Cramon (@ViolavonCramon) July 7, 2022