Фондацијата „Македонија“ со апел до Бугарите: Извадете извод од матично, за 250 денари до бугарски пасош

од Nikola Popovski
726 прегледи

Бугарската фондација „Македонија“ ги повикува македонските граѓани масовно да извадат изводи од матичните книги во кои ќе се изјаснат како „Бугари“, по што, за само 250 денари ќе добијат бугарско државјанство.

-Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението“, објавија од Фондацијата.

Оваа поволност доаѓа од измените во упатството за водење на матичните книги и документација според кои ќе има и графа за етничка припадност, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.125 од 15.06.2023 г..

– Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, стои во одлуката објавена во „Службен весник“.

Слични содржини