Фондацијата на Заев го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик

од Nikola Popovski
264 прегледи

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ денеска соопшти дека поаѓајќи од своите цели и начела, покрај активностите од своите програмски определби кои се однесуваат на ангажмани од хуманитарно-добротворен карактер, ги поддржува и активностите кои се во функција на зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик и култура во земјава, па и надвор од неа.

Деновиве логото на фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се најде на насловната страна на најновиот (јулски) број на „Преспа“ – весник на заедницата на Македонците во Албанија, како сведоштво за поддршката на нашата фондацијата за понатамошното редовно излегување на овој весник.

На тој начин, фондацијата го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата на Македонците во нашиот западен сосед, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права.

Слични содржини