
Фалена од експерти затоа што ги намалува цените на лековите за ХИВ во целиот свет, но исто така ја обвинувааат дека служи како покритие за великодушни донации од странство и од моќни корпорации, На тој налин фондацијата “Клинтон” стана една од најголемите прашалници околу кандидатурата за претседател на Хилари Клинтон.
Историја
Во 1997 година, додека се подготвува да ја напушти Белата куќа, Бил Клинтон ја создава фондацијата, за да собере средства за претседателскиот архив во Литл Рок, Арканзас. Подоцна таа се претвора во глобална добротворна организација која работи за подобрување на здравјето и перспективите во десетици држави во светот, освен тоа се бори против климатските промени.
Откако ја напушта функцијата на државен секретар во 2013 година, Хилари се приклучи на одборот на фондацијата, а во 2015 година ја прекинува активноста во неа за да ја започне својата претседателска кампања. Во август 2016 година нејзиниот сопруг вели дека тој, исто така, ќе се повлече од одборот, ако таа победи.
Активности
Фондацијата собира над четвртина милијарда долари годишно од грантови и донации и троши околу 200 милиони долари. Основната нејзината програма е Иницијативата на Клинтон за пристап до здравје (Clinton Health Access Initiative), која апсорбира околу 2/3 од сезонските трошоци. Таа е фокусирана на намалување на цената и зголемување на достапноста на лековите за ХИВ, маларија и други болести во развиените земји.
Меѓу другите нејзини каузи се поддршка на африканските фармери и борба со масакрот на слоновите. Фондацијата ги стимулира училиштата да создадат поздрава средина за студенти, освен тоа им помага на Американци да добијат пристап до заеми со кои да направат своите домови енергетски ефикасни.
Под името Глобалната иницијатива на Клинтон (Clinton Global Initiative) таа организира раскошни настани на кои политичари, претставници на корпорации и непрофитни организации разговараат за добротворни проекти……