Фондот за здравствено осигурување во моментов е без првиот човек, откако досегашниот директор Фатон Ахмети си поднел оставка од функцијата. Тој информацијата ја сподели на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека продолжува со нови активности во својата партија ДУИ.
Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за Здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети на социјалните мрежи.
Фондот за здравствено осигурување е раководен од двајца директори. Другата директорка е Магдалена Филиповска-Грашкоска. Пред неколку години имаше најави да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.