Поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека успеа да побегне од пеколот во Киев и од синоќа е во Романија. Денеска треба да се врати во родната Португалија.
Фудбалскиот тренер е оженет за Украинка, поради што заврши во тамошниот главен град при инвазијата на руската армија пред неколку дена.
Со помош на португалската амбасада, неговото семејство и другите биле однесени на романската граница. Фонсека во посебно обраќање се заблагодари за помошта и изрази надеж дека војната ќе заврши час поскоро.
My family and I are safe in Romania and hopefully will travel to Portugal on Monday. We thank everyone who has helped us. The nightmare continues for people in Ukraine and we appeal for help and for the war to end. 🙏🏼 pic.twitter.com/uXr8ONnyIc
— Paulo Fonseca (@PFonsecaCoach) February 27, 2022
Тој го коментираше и она што се случува во Украина: „Лудите фирери ги испраќаат своите војници да убиваат Украинци кои се жртвуваат во името на својата татковина, сопруги и деца. Ова е самата вистина. Видов како проектили истрелани од Русија и Белорусија целат на станбени згради. Не верувајте во тврдењата дека овие бомби не паѓаат врз цивили, тие убиваат и уништуваат“.
Пауло Фонсека помина три сезони на кормилото на Шахтјор (Доњецк), поради што е доста популарен во Украина.