Не започна добро ерата на Пауло Фонсека на клупата на Милан. А кога нема резултати, се појавуваат гласини и озборувања, а една од нив е дека тренерот е во војна со двете први ѕвезди на тимот – Тео Ернандез и Рафаел Леао.
Ваквите приказни беа засилени со одлуката на Фонсека да не ги стартува двајцата против Лацио во Рим. На крајот и двајцата се разиграа и Леао му донесе бод.
– Нема проблем. Немам проблем со Ернандез и Леао. Не смее да се креира проблем, бидејќи веќе разговарав со играчите во текот на неделата и им ја објаснив одлуката која тие ја прифатија. Добро реагираа кога ги пуштив во игра – изјави Фонсека.
На Милан не му оди најдобро на почетокот на сезоната. Само два освоени бода во три натпревари е слаб учинок. Фонсека е свесен дека треба многу да се направи, но има поплаки и од самите играчи.
– Во првото полувреме беше добро, бидејќи ја контролиравме топката. Второто полувреме беше поинаку. Му дозволивме на Лацио да игра, бидејќи застанавме. Кога тимот ќе престане да притиска и не игра храбро, не можеме да создаваме простори. Разбирам дека играчите не се во најдобар момент, дека првенствено сакаат да не примаат голови, но одбраната не прави да се чувствуваме удобно. Мора да ја контролираме играта, додаде тој.